Пилот кој наеднаш ослепел во текот на летот на височина од 15 000 метри, слетал успешно со помош на авио контролори кои му давале упатства.

На слепиот пилот му помогнал авион од Кралската воздушна флота на Велика Британија од која добивал инструкции кои го спасиле.


65-годишниот пилот со 18 години стаж на летање, Џим О’Нил, летал во мал авион со две седишта кога доживеал мозочен удар и моментално го изгубил видот.

Авионот од Кралската воздушна флота летал покрај авионот во кој бил О’Нил давајќи му инструкции преку радио врска.