Неможноста на Стуард Гун да види каде вози не го спречи да постави нов светски рекорд со брзински мотор. Тој стана најбрзиот слеп мотороциклист на планетата откако достигна брзина од 269 километри на час.


“Се надевам дека овој потфат ќе им докаже на луѓето дека нивниот хендикеп не треба да го промени или ограничи нивниот живот, тие можат да постигнат големи работи” изјавил Стуард.