Естонски сообраќајни полицајци сопреле автомобил кој бил управуван од Кристијан Градолф (20). Освен што бил пијан, Кристијан бил слеп. Упаството за возењето му го давал пријателот кој седел на сувозачкото место. Алкотестот покажал два пати поголема количина алкохол од дозволената. Двајцата добиле казна од 1000 евра, а Кристијан добил и затворска казна поради загрозување на сигурноста во сообраќајот.
-Освен тоа што сум слеп, уживам во возењето и всушност, доста сум добар во тоа – изјавил слепиот возач.