Дали би го однеле автомобилот на сервис кај слеп механичар? Многу Холанѓани од градот Нуис не се двоумат. Кол Колевин веќе 30 години им ги одржува автомобилите иако е слеп. Ослепел од својата 8-ма година, но тоа не го спречило да се занимава со тоа што го сака. Тврди дека со помош на слухот и допирот открива каде е дефектот.


„Важно е алатот да ми е на право место. Се потпирам на слухот и допирот, а голема предност е што штедам струја и можам да работам во мрак“ – вели слепиот механичар.