Охридската група Сленг со песната “Генгста оро“ се пласираше во финалето на македонскиот Евросонг. Охриѓани на првата полуфинална вечер завршија на третото место по вкупниот број на гласови.
Вториот охридски преставник, Жармена, со песната “Играј со нас“, не успеа да избори место во финалната вечер.