Од денес се очекува подобрување на времето.
Според синоптичарите, следува разведрување и сончево време во текот на првата половина од седмицата. Дневната температура ќе се движи од 22 до 25 степени, додека пак во вечерните часови ќе има намалување, при што температурата ќе се движи од осмиот до десеттиот целзиусов степен.
Дестабилизација на времето повторно се очекува во петок.