Охриѓани првиот натпревар ќе го одиграат во петок против третолигашот Македонски Брод. Во недела ќе играат против Кически Напредок , на 18 ќе играат со Силекс, договорена е средба и со Прилепска Победа.
Во таборот на охридските сини, останаа играчите кои минатата сезона го понесоа товарот, а во матичниот клуб се вратија Лолески и Капрически.
Новајлии во тимот се Арсовски Стево, од Цементарница, Калајџиески Танас од Работнички и стружаните Диме Учески и Бесарт Исаку .
На клупата останува “шефот“ Трифуноски Димитри со кого охриѓани изборија опстанок минатата сезона. Во струшниот штаб покрај Трифуноски се Добре Митревски и Благоја Буџакоски.
Стартот на новиот шампионат е закажан за 2 Август. Охридските сини во првото коло му гостуваат на новакот во лигата Кожув од Гевгелија.