Според Управата за хидрометеролошки работи времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степена. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на температурата на воздухот. Температурите нема да бидат многу високи, па кон крајот на работната недела на југоистокот од земјата ќе достигнат до 37 степени.
OhridNews