Следува период на претежно сончево и топло време, освен во сабота попладне кога ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денес во Охрид ќе преовладува сончево до умерено облачно време. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени. UV индексот на зрачење ќе достигне 8.

Во петок ќе биде потопло, а во сабота не очекува ново освежување проследено со краткотрајни врнежи од дожд и грмежи. Веќе во недела повторно ќе имаме сонце и максимална температура над 30 степени Целзиусови.

OhridNews