Во текот на ноќта ќе има врнежи од снег кои во текот на денешниот ден постепено на пониските места ќе преоѓаат во врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поинтензивни, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток ќе има повремени врнежи претежно од дожд. До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд и снег во пониските, а снег на повисоките места и планините. Заради најавените врнежи во наредниот период се очекува да има зголемување на водотеците, особено во западните и јужните делови.

Ohridnews