Идниот месец некаде во светот ќе се роди бебе, кое ќе стане седум милијардитиот жител на Земјата. Со оглед на моменталниот број на жители и наталитетот, тоа бебе многу лесно би можело да се роди или во Кина или во Индија. Имено, овие две земји имаат повеќе од милијарда жители секоја. Обединетите нации го зацртале 31 октомври како датумот кога Земјата ќе почне да брои преку 7 милијарди жители.


Сепак, демографите не се прецизни, па најверојатно рекордниот број ќе се забележи и порано. Во времето кога Исус Христос бил роден на Земјата живееле 300 милиони жители. Една милијарда била надмината дури после 1800 година, а оттогаш популацијата расте со огромна брзина, што покажува и фактот дека пред единаесет години била надмината и бројката од 6 милијарди жители. Лицето кое тогаш ја надминало таа граница денес има 11 години и доаѓа од Босна и Херцегоцина, а се вика Аднан Невиќ.