Далај Лама, духовниот водач на тибетанците во егзил, не ја отфрлил можноста неговиот наследник да биде жена, сметајќи дека денес на светот му се потребни лидери кадри за емпатија, особина која пред се ја поседуваат жените. Во разговор со новинарите рекол дека доколку условите се такви да бараат жена за далај лама, жена далај лама автоматски ќе дојде. Според него, светот се соочувал со морална криза која се огледува во економските и општествени нееднаквости и патења, па се потребни лидери кои знаат за емпатија.


Тој навел дека од тој аспект жените имаат, биолошки, многу поголем потенцијал. Тие биле внимателни кон другите. Што се однесувало до него, раскажал дека неговиот татко лесно ги губел нервите. Понекогаш го тепал, но неговата мајка била полна со сожалување. Далај Лама е добитник на нобелова награда и од 1959 година живее во прогонство во индискиот град Дармсал.