Во неодамна дадено интервју за BBC, фронтменот на популарниот бенд Колдплеј, Крис Мартин, открил дека бендот веќе со полна пареа работи на новиот албум ‘A Head Full of Dreams’, кој воедно ќе биде нивни седми студиски албум. Тоа е добра вест. Лошата вест е што тоа воедно би можел да биде и нивни последен албум.
Пејачот рекол дека тоа не значи дена можеби еден ден нема да снимат нешто ново, но засега, ова бил крај на една целина. Колдплеј последниот албум ‘Ghost Stories’ го објавил претходно оваа година, а обожавателите се надеваат дека новиот албум ќе биде најава за нова турнеја која со нетрпение ја очекуваат.