На два одделни настани следната недела во Охрид ќе биде претставен проектот Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO), финансиран од Европската унија. Проектот е насочен на рехабилитација на областа на поранешните касарни и нејзина трансформација во технолошка и рекреативна зона.
Настаните ќе се фокусираат на претставување на планот за скорешното воспоставување на стартап центар, наречен Касарна Хаб, во објект во поранешната касарна во Охрид, информираат од Општина Охрид.
Специјални гости на настаните ќе бидат Ира Саул Рубенстеин, инвестициски консултант во областа на иновации и обновливи извори на енергија, кој работи на проект на градот Прага за рехабилитација на голема бивша индустриска зона во технолошки парк и Мајкл Мизрахи директор на AtoBe Startup Accelerator, кој е дел од Азриели Колеџот за инженерство во Ерусалим, Израел, како и Раководител за Центарот за истражувања, иновации и претприемништво при истата институција. Мизрахи е претприемач чија визија е да го трансформира Ерусалим во еден од дваесетте водечки градови во светот за стартапи и претприемачи.
На настаните, како што информираат од општината, ќе ги споделат своите искуства и ќе биде направена паралела со можностите кои ги имаат Охрид и Македонија.
OhridNews