Педесеттата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи во среда, 4 декември, со почеток во 9:00 часот во зградата на Општина Охрид.
На Дневен ред се 75 точки меѓу нив тримесечните извештаи за реализација на програмите во повеќе области, извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2024 година, усвојување на информацијата за склучени договори за изработка и донесување на планови, со цел прекинување на истите.
Советниците ќе распрваат и за годишните програми во повеќе области за 2025 година и буџетот на Општина Охрид за 2025 година.
На Дневен ред и неколку одлуки за донесување на урбанистички проекти.
Н.С.Ј.