Советниците следната недела во четврток, 31 октомври, со почеток во 9 часот, ќе ја одржат четириесет и седмата седница на Совет.
На Дневен ред се 18 точки, меѓу нив одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година, одлуката за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид, донесување на буџетскиот календар, како и одлуката за објавување јавни повици за избор на членови во Управни и Надзорни одбори на Јавните претпријатија основани од општина Охрид.
На дневен ред се и точки кои се однесуваат на урбанистичко – плански документации.
Повеќе информации за Дневниот ред на линкот.
OhridNews