Советниците следната недела во четврток, 29 август, со почеток во 9 часот, ќе ја одржат четириесет и четвртата седница на Совет.

На дневен ред се 99 точки меѓу кои годишни извешаи од работата на образовните установи како и годишни програми за тековната образовна година, одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици, програми за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности.

Пред советниците и извештаите за работaтa на јавните претпријатија за периодот од 01.04. до 30.06. 2024 година како и годишните планови за вработување, извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2024 година, како и шестмесечната реализација на програмите во различни сфери.

Советниците ќе расправаат за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2024 година, програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2024-2026 година…

Повеќе информации за дневниот ред на линкот.

OhridNews