Четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи во четврток, 23 мај, со почеток во 09:00 часот. На дневен ред се 47 точки.
Советниците ќе расправаат за тримесечните извештаи од работењето на јавните претпријатија, како и за тримесечните извештаи за реализација на програмите во повеќе области.
Пред советниците и измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2024 година, отстапување на времено користење простор за потребите на Стартап Центар (Smart Ideas Hub) во Охрид, Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2024 година во општина Охрид, уредување на меѓусебни права и обврски помеѓу општина Охрид и ЈП Градски Пазар Охрид во делот на поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови со локации, измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2024 – 2026 година…
Повеќе детали за Дневниот ред на линкот.
OhridNews