Следната година ќе се одржи „Фестивал на крајбрежни поети“ за заедничка промоција на Поградец, Струга и Охрид. Ова беше соопштено на средбата која ја оствари директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Милчо Јованоски со претставници на општина Поградец, Мултифункционалниот центар Поградец и Јавната библиотека „Митруш Кутели“.

Директорот Јованоски присуствуваше на одбележувањето на 117-годишнината од раѓањето на Митруш Кутели и на остварениот состанок гостите од Охрид и Струга беа запознаени со подготвителната фаза на „Фестивал на крајбрежни поети“, настан замислен за заедничка промоција на градовите Поградец, Струга и Охрид и локалните млади поети, информираат од охридската Библиотека.

Посетата Јованоски ја оствари на покана на директорката на Јавната библиотека „Митруш Кутели“ Афердита Дука, а присуствуваше и на одбележувањето на 117-годишнината од раѓањето на Митруш Кутели. При посета на Јавната библиотека „Мируш Кутели“ преку мини-музејот присутните беа запознати со животот и делото на Кутели и историјата на библиотеката.

Првичниот контакт беше остварен на 21 јуни во Охрид кога поети од Охрид, Струга и Поградец беа дел од нашиот проект поддржан од Министерството за култура „Слушни го езерото“ на кој присуствуваа и директорката Дука и Николина Велкоска – Глигороска, директорка на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, а сега продолжи во Поградец, додаваат од Библиотеката.

На настаните во Поградец присуствуваа ќерката на поетот Кутели, Поликсена Паско и внуката Мира Паско. Пред спомениците на Митруш Кутели и Ласгуш Порадеци беа положени букети свежо цвеќе, а воедно се одржа и поетско – драмски перформанс.

Трилатералната средба на библиотеките од Поградец, Охрид и Струга заврши со учеството на Тркалезна маса на тема: „Поетскиот простор“ со придружба на звуци.

OhridNews