Следната 2013 година ќе биде најтопла од 1850 година, а тоа ќе биде предизвикано од промената на климата.

Се предвидува дека глобалните температури во 2013 година да бидат 0,57 Целзиусови степени повисоки од просекот заради што следната година ќе биде најтопла откако се мерат температурите, пишува „Гардијан“, пренесува „Макфакс“.

Прогнозата се темели врз истражувањето и податоците од Универзитетот Ист Англиа, Годард Институтот оф Спејс Стадис на НАСА, како и американската администрација за океани и атмосфера.

„Растечките температури се последица на промената на глобалната клима и зголемените емисии на стакленичките гасови“, изјави климатологот Дејв Бритон.

Поголемиот просек а глобалните температури не значи дека ќе се затопли во сите делови на светот. Промената на климата ќе има поинакви ефекти врз различни региони.

Инаку, според податоците на Светската метеоролошка организација, 11 од 12-те најтопли години во историјата се оние од 2001 година па наваму.

OhridNews
извор:„Макфакс“