Следбениците на Вранишковски кои во неделата попладне имале неуспешен обид да влезат во манастиската црква во Свети Наум и на Плаошник, во српските медиуми се жалат на како што се наведува во веста лиферувана од „Танјуг“, нецивилизацискиот однос на Македонската православна црква-МПЦ.

Тие во сторијата  објавена во белградски „Блиц“ наведуваат дека им било забрането да влезат во охридските цркви, споредувајќи го тој чин со средновековвниот духовен мрак. МПЦ за нив е расколничка црква, а верниците кои ги набркале, некултурни.


дел од објавениот текст во „Блиц“

Е и од следбениците на Вранишковски да е многу е .

Инаку како што се наведува во реакцијата на жителите од МЗ Стар град, следбениците на Зоран Вранишковски веќе втор пат се обидуваат да влезат во храмовите на МПЦ каде не се добредојдени и дека охриѓани во иднина нема да толерираат такви слични обиди.

Свештениците на МПЦ во неделата не им дозволиле на следбениците на Вранишковски да влезат и да богослужат во охридските храмови, а на Плаошник речиси дошло до блиска средба со свештеникот на МПЦ.

Г.Момироски