Тенисерките по се изгледа решиле да ги заведуваат фановите и надвор од тениските терени, па така пред многубројните папараци уживале на плажа во Мајами. Серена Вилијамс го покажала своето тело на плажа и тоа во леопард костум за капење, позирајќи им на папараците.
Друштво и правела данската тенисерка Каролина Возњацки. Тие две го користеле своето слободно време одмарајќи се и видно уживајќи иако изгубиле уште во првата седмица на силниот турнир во Париз Ролан Гарос.