Познатите личности, меѓу кои и Алиша Киз, Серена Вилијамс и Ким Кардашиан, позирале во мртовечки сандаци, како дел од хуманитарната акција “Keep A Child Alive”, за помош на децата заразени со ХИВ.
 Кампањата за помош на децата од Индија и Африка ја започнала Алиша Киз, а фотографиите ги осмислил фотографот Дејвид Лакапел.
Во мртовечки сандаци освен Алиша се нашле уште и Серена Вилијамс, Ким Кардашиан, Кимберли Кол, Илајџа Вуд и многу други. 
Целта на кампањата е да се подигне свеста за големата смртност кај децата која владее во споменатите земји.