Славната шпанска актерка, Викторија Абрил, која е прва ѕвезда на триесетото јубилејнио издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, денеска престојуваше во Охрид.  Педесетгодишната Абрил го посети Плаошник и ги разгледа културно историските знаменитоти на Охрид. Таа не го криеше воодушевувањето од убавините на Македонија, а посебно од Охрид.

Добитникот на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светскиот филм, планетарната слава  ја стекна со култните филмови на Педро Алмодовар, „Кика“, „Високи потпетици“, „Врзи ме“, „Жени на работ на нервен слом“, а добитник е и на повеќе признанија и награди.


Славната Викторија Абрил воодушевена од Охрид

Ohridnews
фото: Васко Бујароски