Љубе Славкоски поранешниот финансиер на Илинден од Велмеј во друштво на преседателот на Охрид,  Делчо Максимоски го проследи куп натпреварот. Знае тој добро дека ваквите мечеви носат возбуда, а радо се сеќава пред две сезони на мечот од првата рунда кога бранителот на трофејот Победа на пенали беше поразена од Илинден во Велмеј. 


На Билјанини засега само како гледач

Желбата да гледа фудабал го довела на „Билјани“, а околу неговиот можен влез во ФК Охрид дипломатски ни одговори.

 – Спортот ме доведе на “Билјанини“, јас имам своја визија за ФК Охрид, но времето ќе покаже дали и како ќе ја реализирам – рече за ohridnews Славкоски.

М.П.