Претседателството на Меѓународниот и Македонскиот славистички комитет во знак на благодарност за придонесот и помошта во подготовките и одржувањето на 14-от Славистички Конгрес,  кој се одржуваше во Охрид, му додели благодарница на охридскиот градоначалник Александар Петрески.



Благодарницата за она што Охрид и Локалната власт им го пружија на славистите-учесници на Конгресот, денеска, при престојот во Охрид, ја врачи Претседателот на Комитетот, Академик Милан Ѓурчинов.

14-от славистички Конгрес се одржа во Охрид од 10-ти до 16-септември 2008-та година.  На овој еминентен научен собир  беа презентирани над 700 трудови на слависти од 40 држави. Конгресот помогна да се утврдат правците на идниот развој на славистичката наука.

OhridNews