Домаќин ќе им биде градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, а во нивна чест предвидена е и богата културно уметничка програма. Славистите од дваесетина држави од светот ќе имаат прилика да ги доживеат македонскиот фолклор, традиција и oбичаи во очи големиот христијански празник посветен на мајката Божја.
Веќе 42 години Меѓународниот семинар во Охрид ги афирмира македонскиот јазик, литература и култура. Според славистите семинарот има исклучуително значење во промоцијатата на Македонија во светот и затоа тој треба да има силна подршка од државата и градот домаќин.