Пресметките помеѓу Охрид и Струга во првата фаза од Супер лигата беа топ тема во македонската јавност. Двете екипи покажаа добар ракомет, „Рибарите“ и „Паткарите“ на трибините заслужија чиста десетка, а клубовите за организацијата. Ново дерби ги очекува в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19 часот во рамките од 4-та рунда во плејаут лигата.

Поискусен сум за две фантастични дерби пресметки и јас и сите ракометари знаеме што не очекува. Очекувам дека салата ќе се наполни, а ние на теренот ќе им приредиме незаборавна престава на гледачите. Нам ни е задача да одиграме добар натпревар, да го оставиме срцето на терен што би се рекло, бидејќи само така можеме да победиме. Имаме обврска да победиме, затоа што не успеавме да славиме во Струга и да се доближиме до пласман во плејофот. – рече Славиша Димитријески.

Квалитативно, Охрид и Струга се далеку подобри од останатите екипи во плејаутот и со нетрпени се чекаат дерби пресметките. „Гладијаторите“ со триумф над стружани ќе го осигураат првото место на табелата во плејаутот и ќе ја заокружат сезоната.

OhridNews