Сајмон Холдер, жител на Велика Британија, почина на триесеттиот роденден поради несолена шега која ја направија неговите пријатели, пишува Дејли Стар, пренесува „Миа“.
Холдер го прославувал својот роденден на брод, а неговите пијани пријатели го турнале во вода заради забава. Славеникот се појавил на површина без тешкотии, но кога се обидел да се качи на бродот, го фатил пропелерот. Неговите преплашени пријатели успеале да го извадат дури откако бродот запрел.
Мажот бил примен во болница со повреди на ногата, но лекарите не биле во можност да го спасат и починал од загуба на крв.
Полицијата ја испита трагедијата и заклучи дека смртта на Холдер е несреќен случај.
OhridNews