Титулата фудбалски првак на Бразил, која ја освои екипата на Фламенго, им донела огромна радост на навивачите на клубот од Рио де Жанеиро, но и голема заработувачка на крадците кои ја искористиле вревата при славењето и украле 4 милиони евра од еден сеф. Крадците пред неколку месеци изнајмиле куќа до зградата во која била сместена компанија за превоз на пари, а до сефот започнале да копаат тунел долг 100 метри.


За безбедно да влезат во сефот, го чекале моментот навивачите ширум земјата да почнат да ја слават првата титула на Фламенго во последниве 17 години. Чуварот вработен во компанијата изјавил дека чул врева, но помислил дека станува збор за петарди и огномет на навивачите. Полицијата во сефот затекнала вреќи полни со земја и неколку заборавени банкноти. Крадците ги префарбале ѕидовите на сефот за да ги покријат отисоците од прстите.