Охридскиот фудбалски клуб освои бод на гостување во Кичево ремизирајќи со составот на Велазерими 0-0 во мечот од 5-та рунда во второлигашката конкуренција. „Рибарите“ со ремито ставија точка на лошата резултатска серија со кичевчани, кои славеа на претходните две пресметки.

Со исклучок на првите 20-тина минути одигравме добар натпревар. Одбраната беше на ниво, додека во нападот е забележителен напредок иако на мечот со Велазерими не постигна погодок. Времето беше врнежливо, теренот каллив, но и то не ни пречеше на двете екипи да се бориме за останатите два бодови. – изјави младинскиот репрезентативец во редовите на Охрид, Славе Маркоски.

„Рибарите“ брзо ги пребродија поразите од Скопје во 4-та рунда од Втората лига и од Ренова во Купот на Македонија.

Ми се допаѓа реакцијата на фудбалерите. Мотивирани и желни за игра. Некои работи ни се провлекуваат од стартот од сезоната, но мислам дека полека се местат коцките и на следните мечеви ќе изгледаме како што сакаме. Сакам да им се заблагодарам на домаќините за фер и коректната игра и добриот пречек. – рече Драган Бочески.

Охрид во првите пет рунди од Втората лига има една победа, три нерешени средби и еден пораз и со шест бодови се наоѓа на средината од табелата.

OhridNews

 

Охрид ремизираше со Велазерими во Кичево