Од 17 до 20 јуни, охридскиот писател Славе Ѓорѓо Димоски ќе учествува на меѓународниот фестивал Поетики во Софија- Бугарија. Фестивалот е комбинација на современата поезија, проза, музика, визуелни и изведувачки уметности, на начин кој е достапен за широка публика. Примарниот фокус на фестивалот Поетики е поезија, уметност која создава врски помеѓу сите други уметности.
Кон крајот на април во Софија беше промовирана книгата „Последните ракописи“ од Димоски, пообемен избор на бугарски јазик, а на 11 мај, по повод манифестацијата Денови на европската култура, делови од книгата се читаа на повеќе места во Софија.
OhridNews