Поетот Славе Ѓорго Димоски од денес до 2 јуни ќе учествува на поетскиот фестивал во Ескишеир, Турција.

Тој утре вечер ќе настапи заедно со поети од Хрватска (Бранко Чегец), БиХ (Адиса Бачиќ) Србија (Радомир Андриќ), Словачка (Петер Сулеј) и Германија (Герхард Фалкнер).

На 1 јуни охридскиот поет ќе настапи на симпозиумот на тема Поезијата и јазикот.

Во текот на фестивалот Славе Ѓорго Димоски ќе има и средба со раководството на манифестацијата, на која ќе стане збор за соработка со Струшите вечери на поезијата.

OhridNews