Традиционалната манифестација Ден на македонскат позија во Шведска, која секоја година се одвива под покровителство на Македонскиот сојуз, ќе се одржи утре, 6-ти април во Градскиот музеј во Гетеборг со почеток во 14 часот.


Гости од Македонија ќе бидат истакнатите македонски писатели – поетот Славе Ѓорѓо Димоски, кој е и актуелен претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, и проф. д-р. Венко Андоновски, литературен теоретичар и критичар, прозаист и колумнист.

Во поетското читање ќе учествуваат петанесетина автори, а ќе бидат промовирани и неколку нови стихозбирки од македонски поети кои живеат во Шведска.

OhridNews