Славчо Мирчевски го освои 2-то место во скок во далечина на Белградскиот интернационален атлетски митинг “Трофеј на Белград – 2008“ за атлетичари-ки до 17 години кој се одржа на 25 мај во Белград.

Мирчевски до 2-то место дојде со резултат од 6 метри и 32 сантиметри, додека првото место му припадна на Жељко Благојевич од Србија со скок од 6 метри и 60 сантиметри.

На овој митинг учестуваа атлетичари од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Еве ги резултатите и пласманот и на останатите наши атлетичари кои настапија на овој митинг:

Dевојчиња

Христина Ристеска / 400 м. – 1:01.56 (8 место)
Фросина Крстева / 100 м. – 13.97 (18 место)
Елизабета Филкова / 100 м. – 13.97 (17 место)
Александра Митреска / 800 м. – 2:28.35 (10 место)

Mомчиња
Славчо Мирчевски / далечина – 6.32 (2 место)
Огнен Павловски / 800 м. – 2:03.87 (7 место)
Бојан Милчевски / 800 м. – 2:06.62 (11 место)
Филип Кафтановски / 400 м. – 56.55  (9 место)

ohridnews