Иницијативата за возобновување на една стара охридска традиција, ја поздрави директорката на охридскииот Завод и Музеј Тања Паскали – Бунташеска, која истакна дека овој настан е почеток на едно ново партнерство од кое ќе произлезат уште многу други проекти преку кои ќе се промовираат културните, духовните и материјалните вредности на Охрид.
Претседателот на Младинскиот совет, Димче Каневче, се заблагодари на донаторите за континуирана поддршка на работата на организацијата. Тој истакна дека е посебно горд на Охридската визита, затоа што на специфичен начин им се оддава благодарноста која ја заслужуваат донаторите.
Од охридската визита