Хормоните се исклучително важни за функционирање на нашиот организам, посебно поради регулирање на метаболизмот, а еднакво имаат и големо влијание врз либидото, расположението, апетитот и тежината. Едно нешто кое дефинитивно ја пореметува нивната работа е претераниот внес на шеќери во организмот, па така консумацијата на слатки може да предизвика отпорност на телото на инсулин што го зголемува ризикот од метаболитички синдром и дијабетес тип 2.
Еден од важните хормони е и кортизолот, хормон на стресот, кој се спушта за време на ноќта, но ако работите до доцна, го реметите природниот процес што го зголемува ризикот од депресија, несоница, дебелина и зголемен крвен притисок. Еднакво, несоницата го зголемува ризикот за дебелеење бидејќи зголеменото лачење на кортизол го зголемува нивото на шеќер во крвта и ја поттикнува желбата за благо.
Од друга страна, недостатокот на сон предивикува глад, бидејќи за време на сонот расте нивото на лептин, хормон кој на телото му кажува дека е сито, така што недостатокот на овој хормон го зголемува чувството на глад, што повторно води кон прејадување и дебелеење.
Кортизолот ја поттикнува и будноста, така што треба добро да се внимава на меѓусебната интеракција со кофеинот, односно времето кога пиете кафе. Оние кои пијат кафе помеѓу осум и девет часот наутро, во време кога нивото на кортизол е највисоко, развиваат толеранција на кофеин што го намалува неговото влијание и води кон претерана консумација на кафе.
извор:metro-portal.hr