Гаил Џордан (41) сакала за 21-от роденден на својот син, на тортата да стави фотографија со голото газе кога бил малечко бебе. Но вработените во слаткарницата се сложиле, но само ако на фотографијата и направат цензура. Тврделе дека фотографијата би можела да биде порнографска и инсистирале да го покријат газето со ѕвезда.

– Би можело да биде сечие дете па да се смета за порнографија. Од каде би знаеле дека се работи за вашиот син – и рекол вработениот.


– Смешно е, разбирам дека постојат правила, но треба да постои простор за малку здрав разум – рекла Гаил.

Портпаролот на слаткарницата рекол дека постојат општи правила за голотија, без разлика на годините и субјектот.

– Во овој случај понудивме алтернативно решение вклучувајќи да ја зголемиме и иссечеме  фотографијата, да ги измениме рабовите или пак да поставиме ѕвезда за момчето да не се црвени пред гостите – рекол портпаролот.