Алфонсо Де Марко(107) се преселил со семејството од Италија во Велика Британија кога имал седум години. Живееле над татковата слаткарница. Сеуште е таму сто години подоцна. Работел заедно со својот татко додека не отворил нов синџир слаткарници, кој го водел до пензионирањето во 1973 година. Една од ќерките му понудила да живее со неа но тој ја одбил останувајќи во старата куќа.
Вели дека некогаш коњите ги влечеле кочиите и се чувствувал мирисот на костенот. Сега е многу побучно но тој сеуште ужива. Слаткарницата ја затворил одамна, а куќата го сочувала првобитниот изглед.