Прошетките низ познатата охридска чаршија, во жешките летни денови и ноќи, речиси и да не можат да се замислат без добро освежување со омилениот сладолед. А ова лето охриѓани и гостите уживаат во најдобрите ледени вкусови на италијански сладолед подготвен во креативната џелатерија „Ночолино“ во срцето на чаршијата, од внимателно избрани природни состојки без конзерванси, адитиви и емулгатори, според оригинален рецепт. Таму, за прв пат во Охрид, најдобриот сладолед сега се подготвува во необична слатка форма според традиционалниот рецепт за Сицилијански доручек.

Овој вкусен оригинален италијански специјалитет се подготвува од кроасан во облик на крофна со крем од лешник или фстак и топка сладолед по избор, и се служи како појадок кој е многу популарен во Италија. – открива креативниот тим на „Ночолино“.

Покрај Сицилијалнски појадок, италијанскиот сладолед во „Ночолино“ може да се вкуси и со вафла со крем, во пица варијанта и најново, пита со јаболко. Слатката приказна од охридската чаршија збогатена е и со црн сладолед без шеќер и млеко.

Овој леден десерт е исклучително здрав, а голем број од странските посетители го купуваат за своите деца бидејќи не содржи шеќер. – истакнуваат од џелатеријата „Ночолино“.

Изборорот на оригинални италијански сладоледи со врвен вкус „Ночолино“ го проширирува со уште три специјални сладоледи подготвени со стевија, како и алкохолен сладолед.

OhridNews
Фото: А. Момироска