Мајсторката ќе го даде вториот патник во финалето во женското кошаркарско првенство откако Билјана 006 го победи Младинец 66-65 и ја изедначи полуфиналната серија на 1-1. 

Натпреварот помина во игра на “бранови“ во кои охриѓанки подобро се снајдоа. По воведното водсто, 10-2, следуваше рафал удари од далечина по што првиот период заврши со егал 17-17.

Заиграа ангажирано  белите и благодарение на младинската репрезентатвика Рајчиноска (21 поен) го добија вториот квартал по кој со солидни плус осум се замина на одмор.

Домаќинките не сакка да остават ништо на случајност и на старот на третиот период Балазоска отвори нова серија по која стигнаа на високи плус 18. Но наместо да го дотолчат противникот, следуваше недозволено опуштање кое со две раце го прифатија скопјанки.

На гостинска страна расположени за игра беа Митрашиновиќ (29 п) и Димоска (24 п) кои ја вратија неизвесноста во натпреварот. Задоцнет беше финишот на тандемот кој ја немаше подршката од останатите, па на крајот мораа да “пуштат“ рака, а одлуката кој ќе оди во финалето против Вигор да ја одлучат на мајсторката во среда во Скопје.

М.П.