Жителите на село Слатино во текот на изминатата ноќ сами се справиле со еден разбојник кој сакал да извршил кражба во нивното село. Разбојникот бил забележан како излегува од една од селските куќи, но селаните го спречиле во обидот да го напушти селото и успеале да го задржат додека пристигнале полицајците.
Од СВР Охрид го потврдија овој случај и информираа дека истрагата е се уште во тек.
-Во моментов полициските служби разговараат со сторителот на кражбата во обид да се дознаат повеќе информации односно дали во кражбата учествувале и други лица, вели Стефан Димоски потпарол на СВР Охрид.
OhridNews