Најновиот специјалитет за кучиња е сладоледот од шунка или пилешко месо кое е надополнет со крцкави колачи за кучиња. Научниците провериле која температура и вкус најмногу му одговараат на кучињата и според тоа направиле ладен десерт.


Сладоледите ќе се продаваат во комбиња а ќе бидат претставени во Лондон оваа сабота. Сладоледите ќе се продаваат во поголемите британски паркови. Претставниците на фирмата која ќе ги прави сладоледите изјавиле дека очекуваат успех поради фактот што во Велика Британија има околу 10,5 милиони кучиња. Тие ќе се продаваат по цена од околу едно евро.