Една продавница за домашни миленици, во околината на рим, припремила сладолед за кучиња, без млеко, јајца и шекер, намирници кои се штетни за кучињата. Сопствениците за своите миленици можат да изберат сладолед во три вкуса, по цена од две евра.

Ветеринарот Мариаливиа Палмиери навел дека водата е најдобра за разладување на кучињата во летните денови, но и додал дека овој вид сладолед никако не им штетел на домашните миленици.