Иранска компанија направила сладолед од пет тона во надеж дека ќе го собори светскиот рекорд и ќе влезе во Гинисовата книга. Стотици љубопитни лица се собрале северно од Техеран да го пробаат сладоледот од чоколадо со висина од 1,6 и ширина од два метри. Правењето на сладоледот чинело повеќе од 30 илјади долари.
Моментално светскиот рекорд го држи американската компанија Баскин-Робинс која во 2005 година направила сладолед тежок 4021 килограм. Секој иранец во просек годишно јаде по 1,5 килограми сладолед.