Еден ресторан во лондонскиот Ковер гарден на своите гости од неодамна им нуди нова врста сладолед од мајчино млеко. Десертот со име „Бејби Гага“ го прават од млекото кое го донира Викторија Хајли. една порција чини околу 20 евра.


Нејзиното млеко пред додавањето на ароми го пастеризираат, а за два децилитри млеко добива 20 евра. Вработениот во ресторанот кој го осмислил овој проект дал оглас  за мајчино млеко и досега му се јавиле вкупно 13 жени. Се надева дека нивниот број ќе се зголеми и дека секогаш ќе бидат во можност да го послужуваат овој десерт.