Ликестра е необичен музички проект кој ја комбинира музиката и љубовта кон сладоледот. Американските дизајнерки Емили Блац и Карла Дијана осмислиле интелегентен леден десерт кој им овозможува на сладокусците да компонираат музика додека го лижат сладоледот.
Имено, корнетот со сладолед содржи сензори кои го регистрираат секое лижнување и испраќаат електронски сигнал до компјутер кој го претвора во музичка нота. Мелодијата настанува во зависност од начинот и брзината на лижењето. Демонстрацијата на Ликестра била одржана во Њујорт каде четворица уметници со јазикот како единствн инструмент одржале мал концерт.