Произведен е првиот сладолед кој свети во мрак. Сладоледот со несекојдневен изглед го произвел иноваторот од Бристол, Велика Британија, Чарли Френсис. Светлечкиот зелен облик бил добиен со синтетизиран протеин кој го произведуваат светлечките медузи, јавиле медиумите.

Откако ги истражувал морските суштества, Френсис ги уверил експертите во Кина да произведат протеин кој е потребен како би светел ладниот десерт. Френсин рекол дека тоа е неверојатен производ, но сеуште биле далеку од масовно производство. За презентација на својата креација ја избрал токму Ноќта на вештерките.