Многумина останале вчудоневидени од веста за сладолед кој не се топи, но дали е тоа навистина така? Можеби и вие ја слушнавте приказната за фантастичниот нов сладолед кој не се топи ниту откако ќе го оставите на собна температура. Иако многумина ќе помислат дека овој сладолед со име „Банана“ навистина има вкус на ова популарно овошје, тоа не е така. Имено, сладоледот го добил името бидејќи околу обичниот сладолед од ванила има жолта кора од желатин која се вади исто како и кај бананата.

Еден јапонски новинар одлучил да отпатува во Кина како би се уверил дека сладоледот не се топи. И покрај топлината, одлучил да направи мал експеримент. Го извадил сладоледот од пакувањето и го оставил на жежок бетон. Триесет минути по почетокот на експериментот, сладоледот не покажал никакви знаци на топење. кората од желатин станала проѕирна, но навистина не се истопил. Потоа одлучил да го продолжи експериментот и сладоледот го оставил цели три часа, но и тогаш останал во својата првобитна форма. Затоа одлучил да проба каков вкус има сладоледот кој не се топи, па ја извадил кората, но на негово разочарување, по раката му се излеала леплива течност со вкус на ванила. Значи, сладоледот сепак се топел, но она што го одржувало овој мит била кората од желатин која го држела сладоледот.