Гостите во слаткарата „Пингвин“ во Штутгарт од неодамна можат да пробаат сладолед кој наводно буди сексуална желба. една кугла „ванилатонка“ чини 1,10 евра, а според зборовите на кондиторката Естер Вебер гарантира уживање во секој поглед. Станува збор за комбинација на сладолед од ванила и тонка грав, кој наводно го подига либидото, а расте во Јужна Америка и на Карибите. Вебер вели дека оваа врста грав делува како афродизијак, што значи дека прават некоја врста вијагра сладолед.

 

Побарувачката за „ванилатонка“ е огромна. Естер вели дека тоа било само експеримент, а сега не можат да замислат да го нема. Додала дека неодамна имала една интересна ситуација кога едно момче покрај порција шпагети нарачало сладолед само од тонка, а таа со насмевка му рекла да не го прави тоа.